Испечати ја оваа страница

Село гори, баба се чешла!?

ПО СЕЛАТА НЕМА ЛЕКАР, АМА ЌЕ ИМА ФРИЗЕРНИЦИ


Иако во некои села се уште нема лекар за секојдневна  медицинска помош,  владата најавува дека преку новата ИПАРД програма ќе го подобрува животот во руралните средини така што ке се финансира отворање на фризерски салони, игротеки и градинки, изградба на мали капацитети за храна,откупни центри за шумско овошје.

Со 15 милиони евра преку новата ИПАРД програма ќе се финансираат проекти во туризмот, занаетчиството, алтернативното земјоделство, угостителството, во руралните средини, со што ќе се отворат нови работни места, информираше пред некој ден владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во новата ИПАРД програма предвидено е и финансирање на фризерски салони, игротеки и градинки со цел подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, а ќе бидат кофинансирани 50 проценти од вложените средства.

Основниот фокус е отворање нови работни места што ќе биде посебно акцентирано, бодирано и вреднувано, стои во извештајот на Ѓорѓиев.

Тој информира дека ќе бидат кофинансирани проекти за изградба или реновирање мали капацитети за производство на храна, откупни центри за шумски производи, подршка за занаетчиството во руралните средини, на приватните ветеринарни станици, како и туризмот во руралните региони.

Сите занаетчии кои фигурираат во руралните региони од оваа година можe да ја искористат поддршката за да го развијат својот бизнис или да отворат нов. Ќе бидат поддржани алтернативните земјоделски производства како што се проекти од холтикултурата, односно одгледување и производство na цвеќиња, но и зајаци, ноеви и дивеч. Нешто што спаѓа во нетипичен вид земјоделско производство, но и тренд на развој во поголем број европски и светски развиени земји, рече портпаролот на Владата на Република Македонија.

Сето тоа добро, но зошто баш фризерници кога во секое село по некоја домаќинка има по една соба од својот дом пренаменето токму за оваа работа, да им ги средува фризурите на останатите во селото. Али добро сепак може некој/а да реши да отвори современ салон па да работи со термини за закажување и слично. Дај боже.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ


Откако ја прескокнал оградата на затворот бегалецот осуден за кражба со кредитни картички, бил пречекан со автомобил со кој со голема брзина успеал да избега.


По куса пауза сопственикот на најсрцепарателните турбо-фолк рефрени Аца Лукас повторно во Македонија.



Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер, изјави дека „кловновите треба да знаат оти таквото однесување не е добро за земјата“.